Дани се омажи по втор пат, избраникот е поранешен кошаркар

Поп-пејачката со сини очи и уникатен стил на облекување, Дани Димитровска синоќа направи интимна венчавка со Горан Веселиновски – Весел, поранешен кошаркар, а сега директор на кошаркарскиот клуб „Работнички“.
Димитровска на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а на едната е заедно со нејзиниот син од првиот брак и ќерката на Веселиновски од неговиот прв брак.
Ова е втор брак за Дани, која првиот пат се омажи на 20 години, а потоа на 21 го доби синот Лазар.