Данева Маркова: Колку побрзо се усвојат законските измени, толку побргу до „трикафта“ за сите


Законските измени ќе придонесат за побрзо набавување на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, но и за сите лекови кои се набавуваат на тој начин. 

– Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна  и побрза достава на сите лекови, изјави денеска проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на премиерот, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека брзо ќе бидат усвоени тие измени и дека сите пациенти  коишто имаат цистична фиброза, ќе добијат лек „Трикафта”.

– Минатата недела лично од  премиерот чувте на прес-конференција дека лично тој предложи во соработка со поголем број на експерти, законски измени што оваа недела се во собраниска процедура. На 16 март. Се надевам и интенцијата е во што пократок рок да бидат усвоени законските измени што предвидуваат измени во два закона. Законот за лекови и законот за здравствено осигурување. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави Данева Маркова, која е и дел од тимот што работеше на законските измени што веќе се во собраниска процедура.

Таа потенцира дека измените не ги опфаќаат само пациентите со цистична фиброза, туку и сите групи на пациенти за коишто се набавува терапија на овој начин.