Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев

Напаѓачот на скопската градоначалничка е во затворски притвор, за уште еден има мерки на претпазливост, МВР ѝ определи 24-часовно обезбедување на Данела Арсовска, а зградата којашто е дивоградба и каде што се случи инцидентот продолжува да се гради. Тоа го тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Знаете што е најјако плукање у фаца на вмровците од страна на косоварската ‘Вреди’: тоа што зградата за која беше тепана Данела у Чаир и за која Панче мораше да се бламира на Сител (што го кошташе ДПМНЕ -3% рејтинг у еден ден) – деновиве ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГРАДИ НА ДИВО пред очите на МВР!
Па вакво коалиционо ‘мочање’ пред народ ни ДУИ не му праеше на СДС“, – напиша на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Министерот за внaтрешни работи, Панче Тошковски, вчера изјави дека дивоградбите ќе биле уривани ако претставувале опасност по безбедноста и животите, а не дека се градени надвор од законите.