Данела Арсовска на терен на изградба на дивоградба во Чаир: Се расправа со работници и газди (во живо)


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен со половина од функционерите на градот, за да провери на едно градилиште кој поставил подвижен тоалет. 

Речиси еден час, градоначалничката стримува во живо на Фејсбук, како се расправа со работник, возач на камион, за тоа дали има налог или не. 

Стигна и газдарицата која му дава работа на човекот. 

Данела објаснува дека тоа е дивоградба, нотира дека градилиштето е небезбедно, со расфрлани градежни материјали, а таа е во придружба на полиција и инспектори. 

Но, претходно, кога градоначалничката стигнала на градлиштето, вели дека полицијата одбивала да постапува, па во живо, преку Фејсбук ги повика и полицајците и градежните иниспектори. 

Го повика и „господинот Стојанче Ангелов да дојде, да види… сејфти фрст“, по што констатира дека објектот нема потпорен ѕид, а објектот се наоѓал до училиште, каде секој ден поминуваат илјадници дечиња и може да се повредат. 

Заклучува дека од Општина Чаир секој ден од тука си поминуваат и „мува не ги лази“.