Дамјан Манчевски поднесе оставка како пратеник
Донеодамнешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој беше избран за пратеник на последните избори денес поднесе оставка до претседателот на Собранието на таа функција. Талат Џафери на почетокот на денешната седница на Собранието соопшти дека дека Манчевски поднесува оставка и дека согласно деловничката можност тој нема да ја образложува. ДИК сега треба да го информира Собранието кој е следниот на листата што треба да го пополни неговото место.
Дамјан Манчевски по изборите се споменуваше како сериозен кандидат за функцијата генерален секретар на Владата, каде сега е Драги Рашковски. Манчевски ниту ги демантираше ниту ги потврди тие информации.