Дали на Европа ѝ се заканува војна?


Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оцени дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија „мора да може да се одбрани“.

Писториус за јавниот радиодифузер ZDF изјави дека конфликтот на Блискиот Исток и војната меѓу Русија и Украина ќе имаат последици во германското општество.

Мора да се навикнеме на идејата дека може да има опасност од војна во Европа“, изјави германскиот министер за одбрана.

Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи се за да спречи понатамошна ескалација во блискоисточниот конфликт. Зборувајќи за состојбите во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.

Според Писториус, Бундесверот одамна е запоставен, но до крајот на деценијата ќе биде во сосема поинаква позиција.