Дали компирот треба да се чува во фрижидер или надвор?


Дали знаете како правилно да складирате и чувате компири?

Во Македонија нема куќа што јаде компири. Но, дали знаете како навистина правилно да го складирате? Всушност, начинот на кој ја третирате храната влијае на нејзиниот рок на траење, особено кога станува збор за овошјето и зеленчукот. Исто така, го намалувате отпадот и фрлањето на храната, што во последно време е се почеста појава.

Можеме ли да чуваме компири во фрижидер?

„Порано се велеше дека не треба да ги чуваме компирите во фрижидер бидејќи имаше загриженост дека тоа може да доведе до додадени шеќери во компирите. Но, студијата на Комитетот за токсичност на хемикалиите во храната, производите за широка потрошувачка и животната средина докажа дека овие грижи се неосновани, така што фрижидерот е најдоброто место за складирање на компири“, истакнува експертот за храна Кејт Хол.

Но, пред да ги чувате во фрижидер, важно е да проверите дали се доволно исушени, поради влагата.

Експертот за безбедност на храна Силвија Андерсон додаде дека влагата може да предизвика гниење на компирот, па затоа е суштинско да се одржуваат суви.

„Избришете ја секоја нечистотија пред да ги ставите и избегнувајте да ги миете додека не сте подготвени да ги користите“, додава таа.

Исто така, важно е да се чуваат компирите подалеку од друга свежа храна бидејќи тоа ќе помогне да се одржи нивниот рок на траење. Посебно, се советува да се одделат од овошје и зеленчук како кромид, јаболка и други производи чувствителни на етилен.