Да нема греење на дрва, да се возат само автомобили над ЕУРО 5 и други мерки предлага О2 до советниците и Арсовска
- на согорување на дрва и дрвна маса отпаѓа околу 50-60%
- на согорување на нафта и мазут, за греење или како енергенс во индустријата, отпаѓа помеѓу 12% до 16%
- на сообраќај отпаѓа меѓу 11% до 14% како позадинско урбано загадување, но во близина на сообраќајниците и до 34%.
Во месеците од април-јуни, на горење на отпад на отворено отпаѓа помеѓу 19% до 35%.
Во летните месеци на градежна, почвена прашина отпаѓа и до 46%.
Вон грејната сезона, на индустријата/производните погони отпаѓа помеѓу 16% до 48%.
Ова ќе им даде доволно време на домаќинствата за измена на начинот на греење во прифатлив, што би подразбирало на гас, со пелети, топлински пумпи, инвертери и сл.
2. Домаќинствата кои ќе останат да се греат на дрва во град Скопје како и другите субјекти кои ќе користат дрва за греење и/или како енергенс, а тоа се најчесто погони од дрвна индустрија, да мораат да постават филтри. Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2027 за правните субјекти и домаќинствата во урбаните делови на град Скопје, од 1.1.2029 за домаќинствата во руралните делови на градот.
3. Од 1 октомври до 1 мај, но и во останатиот дел од годината во денови со загаденост за PM10 над 50 μg/m3 и за PM2.5 над 25 μg/m3, кои ќе бидат измерени на најмалку две мониторинг станици во Скопје, да можат да сообраќаат само возила од прва еколошка категорија, со зелена налепница, согласно Законот за возила.
4. Забрана за користење на мазут, нафта, лесно масло, јаглен, кокс, петрол кокс како енергенс во индустриските/производни погони, мали, средни и големи, со и без елаборати за заштита на животната средина, Б – интегрирани еколошки дозволи, А – интегрирани еколошки дозволи, во град Скопје, онаму каде производниот процес го дозволува тоа и каде најдобро достапните техники укажуваат на можност за користење на гас или електрична енергија (примарно од обновливи извори). Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2030. Сите индустриски/производни погони кои треба да ја направат измената, а немаат пристап до гасовод, да се пријават до град Скопје до 1.7.2025, за тој навреме да биде изграден.
5. Поставување на систем од камери кои ќе ја покријат Скопската котлина со 24ч надзор за секаков вид на палење, и службите како пожарникарската, ќе одговорат веднаш на терен и ќе добијат помош од локалната полиција. Дополнително, поставување на видео надзор над хроничните точки во градов каде редовно се пали отпад на отворено, со цел полесно идентификување и санкционирање на лицата кои извршуваат казниво дело, како и брзо гаснење на веќе појавените пожари. Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2026.
6. Организирано бесплатно собирање на остатоците од бербата, органскиот отпад од службите на град Скопје, компостирање на истиот во градски компостари, а за возврат добивање на околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми доставен отпад. На овој начин се спречува палење на стрништата. Оваа мерка беше спроведувана од град Скопје во текот на 2019 и 2020 година и треба да се врати подобрена на сила од 1.1.2026.
7. За цело време на траење на градежни работи, околу секој поголем градежен објект, да има поставено константен мониторинг на прашината (вкупна, PM10, PM2.5), како обврска на компанијата што ги изведува работите. За инспекција на спроведување на оваа одлука да се задолжат инспекторите за животна средина на град Скопје и на општините во градот, како и градежните инспектори на општините во градот. Да стапи на сила од 1.1.2026.
Со овие одлуки ќе бидат опфатени сите извори на аерозагадувањето во град Скопје и нивното спроведување ќе доведе до намалување во законски зададените граници, кои за кратко време ќе бидат двојно или повеќе пати пониски од сегашните, согласно новата ЕУ Директива за квалитетот на амбиентниот воздух.