Д-р Далип Јахја назначен за раководител на Клиниката за ортопедија, д-р Виктор Камнар се повлече од функцијата
За раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ е назначен д-р Далип Јахја, информира Министерството за здравство.
Јахја е доктор од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Претходно денеска досегашниот директор д-р Виктор Камнар се повлече од раководната позиција поради лични причини. Тој на оваа функција беше изминатите три години.
„Се повлекувам од директор, останувам да работам на Клиниката и останувам да предавам на Медицинскиот факултет“, изјави Камнар за порталот Сакам да кажам.