Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари


 

Основачот и дирекотр на компанијата „Мета“, Матк Цукерберг е побогат за 11 милијарди долари и со тоа повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот.

Ова се случило на 28 април кога вредноста на „Мета“, во чие сопствеништво се Фејсбук и Инстаграм, порасна за 17 отсто. СО тоа Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари.

На Вол стрит очекуваа дека во првиот квартал годинава „Мета“ ќе има најспор раст во последните неколку години, но инвеститорите беа многу задоловлни откако забележаа зголемување на бројот на корисници, што е еден од клучните критериуми.

Поранешниот пад на вредонста на акциите влијаеше на вредноста на богатството на Цукерберг. По два месеци повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот – неговото богатство вреди 65 милијарди долари.

Најголемиот конкурент на Фејсбук е ТикТок, а предизвик му се и промените во сигурносните политики на „Епл“, како и блокадата, не само на Фејсбук, туку и на Инстаграм во Русија, пренесе Си-ен-ен.