ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар


На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар.

Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

– Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ број 24, зад новата зграда на „Елем“, се појаснува во соопштението.