Црвениот килим на почесните Оскари во Холивуд ( фото)


Тилда Свинтон, Педро Алмодовар и Џулија Мур

Академијата за филмска уметност и наука, синоќа, по 15-ти пат ги организираше Governors Awards. На гала настанот кој не се пренесува на ТВ пристигнаа славните ѕвезди во гламурозни изданија.

Деми Мур и Никол Кидман

Ѕвездената вечер , која се смета за прва голема кампања за кандидатите за Оскар годинава,  вклучува доделување на почесните Оскари на покојниот Квинси Џонс, првиот црномурест продуцент кој е номиниран за најдобар филм, и легендарната кастинг директорка Џулиет Тејлор. Сценаристот и режисер Ричард Кертис ја добива хуманитарната награда Џин Хершолт, додека се признати со Меморијалната награда Ирвинг Г. Талберг.

Продуцентите на Џејмс Бонд Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи

Том Хенкс, Рита Вилсон, Никол Кидман, Анџелина Џоли, Даниел Крег, Џенифер Лопез, Ендрју Гарфилд, Џенифер Лоренс (и нејзиното бебе бум), Селена Гомез, Даниел Дедвајлер, Кевин Костнер, Мајки Медисон, Гај Пирс, Фелисити Џонс, Маријана Жан-Баптист и Шерон Стоун беше меѓу ѕвездите кои се појавија на гала вечерта на Филмската академија –  втора најголема ноќ во годината.

Даниел Крег
Едриен Броди
Ејми Адамс
Кевин Костнер
Џад Лоу
Џенифер Лопез
Бремената Џенифер Лоренс
Анџелина Џоли со синот Нокс Џоли Пит
Шерон Стоун
Том Хенкс и Рита Вилсон