Црвениот килим на Оскари 2025: Дежа ву гламур (галерија)


Лос Анџелес– Големи филмови. Големи ѕвезди. Дежа ву висока мода. Така може да се опишат креациите што ги носеа славните дами  господа, синоќа, во театарот „Долби“ – без поголема драма, инвентивност и сексапил. Ѕвездите играа на сигурно, иако тоа беше најголемата ноќ за славните дизајнери. Меѓу сите нив, отскокнуваа Хали Бери со седум илјади сошиени кристали, креација на Кристијан Сиријано и Зои Салдана. Доминираа пастелните и црната боја.

Хали Бери
Аријана Гранде во Скјапарели
Деми Мур во Армани
Доџа Кет во Балмен
Ел Фанинг во Живанши
Зои Салдана во Ив Сен Лоран
Изабела Роселини во Долче и Габана
Лупита Нјонго во Шанел
Мајки Медисон во Диор
Мајли Сајрус, во Меквин
Мишел Јео
Моника Барбаро во Диор
Пенелопе Круз во Шанел
Селена Гомез во Ралф Лорен
Синтија Ериво во Балмен
Скарлет Јохансон во Тиери Муглер
Тимоти Шаламе во Живанши
Фелисити Џонс во Армани
Тиа Карере