Црногорските цариници спречија шверц на половина тон сканк од Албанија во ЕУ


Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.

„Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај“, се додава во соопштението.

Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.

„При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка“, се наведува во соопштението.

Во акцијата се приведени неколку лица.