Црногорскиот шеф на дипломатијата рече дека нивниот успех кон ЕУ е добра вест за регионот


Ервин Ибрахимовиќ и Тимчо Муцунски на прес-конференцијата во Скопје

 

Заемната поддршка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.  

Ова заеднички го констатираа шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Црна Гора, Тимчо Муцунски и Ервин Ибрахимовиќ, на прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Ибрахимовиќ, кој е во официјална посета на земјава, најпрво изрази сочувство за трагедијата во Кочани.

Тој рече дека како две земји чија водилка се европските и евроатлантските вредности постои голем простор одличната билатерална соработка дополнително да се интензивира. 

„Полноправното членство на ЕУ е стратешка цел на Црна Гора и клучен надворешно-политички приоритет. Тоа определување што го делиме со Северна Македонија во контекстот на современи геополитилки околности, дополнителнбо добива на значење. Верувам дека како држава која намногу има напредок во процесот на преговори, можеме да направиме одлучувачки чекор и да послужиме како доказ дека проширувањето на ЕУ е реално а зачленувањето на Западен Балкан достижно“, потенцира Ибрахимовиќ, додавајќи дека секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.  

Црногорскиот министер рече дека посебно внимание посветиле на транспортната поврзаност меѓу двете земји, додека македонскиот министер истакна дека заемно констатирале дека економската соработка не го следи нивото на политичките односи и оти размениле идеи како да се фокусираме на искористување на постојните потенцијали и можности со цел да придонесеме за унапредување на економската соработка, и зголемување на трговската размена, но и на соработката во областа на туризмот.

Муцунски посочи дека посебен акцент на состанокот бил ставен на процесот на европска интеграција на двете земји.

„Заемната поддршка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Заеднички констатиравме дека е потребен засилен ангажман во делот на засилување на рефотмите и унапредување на владеењето на правото како основа за градење стабилни и функционални општества“, додаде Муцунски.