Црна Гора: Прва крштевка на трансродно лице во Подгорица


Вук Аџиќ е крстен во храмот на Христовото спасение во Подгорица, а тоа е воедно и прва крштевка на трансродно лице пред операција на корекција на полот.
Аџиќ неколку недели со ред денот го почнувал истиот начин – станувал и ѕвонел на телефон во Митрополијата црногорско-приморска и не се откажал додека не добил состанок и закажана крштевка.
„Упорноста и истрајноста се многу битни во животот. Сакав да се крстам пред крајната операција на прилагодување на полот, не сакав операција без благослов, вели 19-годишниот Аџиќ за Би-би-Си на српски.
На денот на крштевката облекол традиционална црногорска носија и со кумот се упатиле во Храмот на Христовото спасение.
„Отсекогаш сакав да носам национална носија и кумот ми рече – ќе носиш на крштевката“. Инаку, момчето што изнајмува народни носии, од исламска вероисповест, му ја изнајмил носијата бесплатно кога слушнал дека ќе ја носи на крштевка.

Аџиќ постојано се соочува со насилство поради својот избор. Еднаш дури и тројца му влегле дома и го натепале. За промена на полот вели дека ќе биде идеална, но дотогаш во неговите лични документи ќе стои неговото име Милена, затоа што такви се законите.

Смета дека државата доцни со промените кои треба да си направи за овие лица, а дека црквата имала повеќе слух за неговите желби.