Црна Гора мора да ги унапреди демократските реформи за влез во ЕУ до 2028
За да стане членка на Европската Унија до 2028 година, Црна Гора мора да ги унапреди демократските реформи, а првиот чекор е реформата на изборното законодавство, порачаа експертите за политички партии при ОБСЕ, а кои претстојуваат во Црна Гора.
– Проблемот е законот за финансирање на политичките партии и изборните кампањи. Подобрувањето на овој закон е клучно ако сакате институционализирани партии, рече Фернандо Касал Бертоа од ОБСЕ, пренесува РТЦГ.
Измените на законот, посочуваат експертите на ОБСЕ, се важни за да се зголеми транспарентноста и да се создадат еднакви услови за политичките партии. „Главната препорака е да се зголеми јавното финансирање на политичките партии и да се прошири на вонпарламентарните партии. Исто така, важно е јасно да се утврдат границите на донациите и посебното прашање за транспарентност и надзор. Важно е Агенцијата за спречување на корупцијата да има доволно овластување, односно капацитет да истражува незаконски извори на финансирање. Во оваа смисла, неопходно е да се воспостават соодветни санкции кои би биле пропорционални и реални“, препорачува Бертоа.
Велат дека е потребно да се инсистира на јавно финансирање на политичките партии бидејќи, како што велат, тоа придонесува за зајакнување на партиите и ја намалува корупцијата. „Јавните пари полесно се контролираат отколку приватните извори на финансирање. И колку повеќе пари доаѓаат од државата, толку помалку на партиите ќе им треба финансирање од приватни или дури и нелегални извори“, вели Бертоа, пренесе РТЦГ.
Во извештајот експертите на ОБСЕ наведуваат дека треба да се смета дека изборите ќе се одржат во ист ден. Со тоа, посочуваат, ќе се зголеми транспарентноста, ќе се намалат трошоците и можностите за злоупотреба.