Црна Гора: Минималната кошничка во јули 761,2 евра, за една година поскапе над 100 евра


 

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошничка за јули 2022 година изнесува 761,2 евра и е за 103,8 евра повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Заводот за статистика – Монстат.

Од најниската вкупна сума што четиричлено семејство требаше да ја одвои за производи и услуги во текот на јули, трошоците за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 349 евра, додека за непрехранбени производи и услуги се 412,2 евра.

„Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошничка во јули во однос на јуни бележи раст од 1,4 отсто. Расходите за храна и безалкохолни пијалоци бележат раст од 1,6 отсто, додека расходите за непрехранбени производи и услуги бележат раст од 1,3 отсто“, соопшти Монстат.