„Црн петок“: Поради грешка со точка-запирка во цената, Мексиканка си купи скутер за 0,69 долари


„Црниот петок“ беше возбудлив за една Мексиканка, која се врза себеси за скутер, бидејќи управата на синџирот продавници „Волмарт“ не сакаше да ѝ го продаде производот по цена од 69 центи…

Жената влегла во продавницата во градот Сан Луис Потоси, Мексико, па по долги расправи и расправии уште еднаш се докажа оти „муштериј(к)ата е во право“. Првично, скутерот чини 19.990 мексикански пезоси (околу 1.000 американски долари), но, во периодов на намаленија, по грешка, еден од работниците напишал дека новата цена е 13,999 пезоси, што е еднакво а 0,69 долари.

Проблемот настанал кога раководството не сакало да го продаде по таа цена, па жената повикала агент за заштита на потрошувачите. И тој исто така, не успеал да ги убеди вработените во продавницата дека жената е во право.

Потоа, таа се врзала себе за скутерот со синџир…

Генералниот директор на „Волмарт“ потоа потврди дека скутерот е продаден за 0,69 долари на првиот клиент од многумина што забележале грешка во цената.