Ципрас преку Твитер ги повика граѓаните да излезат на гласање


Грција- И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша рано утрово грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјаен Твитер профил, кусо откако беа отворени гласачките места во Грција.

Лидерот на СИРИЗА, ги повика граѓаните, денеска, масовно, да излезат на гласање.

-Денес битката ја водиме од првата до последната минута. Со оптимизам и решителност. Гласачките кутии се празни и сите можности се отворени. Одлуката на секој и на секоја е она што ќе го одреди резултатот. Ќе го одреди текот на нашата земја во следните четири години, но и нашите животи. Никој да не биде отсутен. И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша Ципрас на Твитер.