Ципрас: Без надомест ќе го штитиме македонското небо


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при денешната историска посета на Северна Македонија, изјави дека ќе има подобрување на обуката, сајбер-одбраната и военото разузнавање, како и надзорот на македонското небо од страна на грчката авијација.
„Надзорот над македонското небо ќе овозможи стабилност во поглед на безбедноста на нашиот сосед, наведе Ципрас. Грција има врвни знаења во авијацијата, најверојатно најдобри во Источна Европа и ние ќе и гарантираме стабилност и безбедност. Министрите имаат нацрти и насоки за понатамошните чекори од овој аспект“, смета грчкиот премиер.
Тој рече и дека Грција нема да наплаќа од Македонија надомест за надзорот од борбените авиони.