Чудесна четвртина на Лука Дончиќ: ЛА Лејкерс го победија Денвер

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 120:108 во натпревар кој го пропуштија три силни имиња во НБА. Леброн Џејмс поради повреда не играше за Лејкерс, а за Нагетс не играа Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Играше Лука Дончиќ и тоа ја направи разликата во корист на домаќините од Лос Анџелес.
Словенечката суперѕвезда на најсилната кошаркарска лига во светот натпреварот го заврши со 31 поен, девет скока и седум асистенции. Дончиќ беше одличен во првата четвртина. Лејкерси доминираа во тој дел од играта (46:29), а Дончиќ блескаше со 21 поен, три скока и три асистенции. Неговиот шут за три поени во првите 12 минути игра беше 3/5, а севкупно 7/11. Упати 4/6 слободни фрлања.
Во натпревар во кој никогаш не заостанаа, Лејкерси на стартот од четвртата четвртина беа на +30, па Дончиќ го гледаше од клупата и не влезе во игра. Во борбата за место во плеј-офот Лејкерси со една победа помалку и еден пораз помалку од Денвер го заземаат третото место во поредокот на Западната конференција. Денвер е четврти.
Остин Ривс додаде 22 поени за Лејкерси, а Доријан Фини-Смит постигна 14 поени во третата последователна победа на Лејкерси. Најдобар играч на Денвер беше Арон Гордон со 26 поени и 11 скока. Дарио Шариќ не играше за Нагетс.