Чое: Ќе има последици ако САД не го сменат ставот за Северна Кореја
Изјавата на Чое претставува одговор на минатонеделното интервју на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој рече дека САД ќе мораат да го сменат ставот ако не успеат преговорите со Пјонгјанг.
– Промена на став не е привилегија која ја имаат САД, туку може да биде и наш избор, ако така одлучиме. Го знаеме патот по кој ќе тргнеме, но се двоумиме поради рокот кој го дадовме, вели тој.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун како краен рок го одреди крајот на годината за да покаже повеќе флексибилност, откако не успеа вториот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.