Членови на собраниски комисии на состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница


Фото: Б. Грданоски

Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Комисијата за европски прашања на Собранието ќе одржат состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2025 година, од страна на директорот Артур Лорковски.