Четврто финале за Ѓорческа во 2025 година


 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново вкупно четврто финале во 2025 година. Таа денеска во полуфиналето на турнирот во Слобозија (се игра за награден фонд од 40.000 долари) ја совлада романската тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови (61 64) за 86 минути игра. 

По 1:1 во гемови Ѓорческа направи серија од пет гема и го доби првиот сет со убедливи 6:1 за 30 минути игра. Во вториот сет нерешено беше до 2:2 во гемови, кога македонската тенисерка успеа да освои два гема за водство од 4:2, но ривалката ја врати неизвесноста откако изедначи на 4:4. Сепак Лина ги доби следните два гема за да го добие вториот сет со 6:4 и со тоа и мечот со 2:0 во сетови.

Во финалето Ѓорческа ќе игра со уште една романска тенисерка Георгина Кракун, која со 2-0 во сетови (63 76(3)) ја победи сонародничката Елена Бертеа.

Ова за Лина ќе биде четврто финале во 2025 година, а сите ги играше во Куршумлијска Бања, Србија. Воедно ова за неа ќе биде трет финален меч на последните три турнири.