Четворица загинати и четворица повредени во напад врз училиште во североисточна Украина


Четворица просветни работници загинаа, а четири лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во североисточна Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Тој додаде дека спасувачите од урнатините ги извлекле телата на директорот на училиштето, заменик – директорот, секретарот и библиотекарката.

„Четворица мештани се повредени додека минувале покрај училиштето, рече Клименко.

Тој сподели и фотографии кои прикажуваат како вработени од Итната помош носат тела на носилки. Регионалната воена управа соопшти дека дрон испукан од Русија го погодил училиштето во 10:05 часот по локално време.

„Училишната зграда беше уништена и тоа непосредно пред учебната година, која за жал за некои никогаш нема да започне“, напиша украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец на Телеграм.