Четири скопски општини со повеќе од 100 активни случаи од Ковид-19
Со денешните 225 нови случаи, од кои 97 во Скопје, бројот на активни случаи се зголеми на 2.460, од кои 834 во Скопје.
Неколку недели, бројот на активни случаи паѓаше во сите општини, за да падне и под 100. Но, денеска дури четири скопски општини имаат повеќе од 100 активно заболени.
Имено, Аеродром има најмногу 141, следува Центар со 127, Карпош со 111 и Газибаба, рамно 100.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), соопштија од Институтот за јавно здравје.
• Чаир – 59
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 141
• Карпош – 111
• Центар – 127
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 59
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 8
• Сарај – 14
• Арачиново – 6
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 3
• Странец – 12
• Нераспределен-5.