Четири минути откако ja почнаа вонредната седница, пратениците отидоа на пауза

Барањето за пауза дојде од Левица кој на овој начин се обидува да ја блокира работата на Законодавниот дом. Пратеникот Сашко Јанчев кажа дека јавни информации, тој и неговите колеги, ги добиваат по заобиколен пат и поради тоа пауза ќе бараат на секоја седница.
-Не е во ред јавна информација која ја има Собранието пратениците да ја бараат и да ја добиваат по заобиколен пат, а не директно од Собранието. Во случајот има такво барање за јануари за исплатени патни трошоци и кирии директно до Собрание коешто не е одговорено и упорно не се одговара на истото. И како што кажавме, дури не се одговори ние на секоја седница ќе бараме пауза. И сега бараме еден час пауза, рече Јанчев.
Одморот не го прекинаа во пленарната сала не се појавија 31 пратеник.
Измените на Изборниот законик по скратена постапка е потребнод а се донесат заради усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и одлуката на Уставен Суд. Меѓудругото, го регулираат и учеството на независните на кандидати на претстојните локални избори.
Измените предвидуваат, наместо 1%, за кандидатура да бидат потребни 0,95% потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список во таа изворна единица.
Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.
Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, ти за пратеници со собрани потписи.
Според предлагачите (група пратеници), со предложното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес и ќе се надминат воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.
Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.