Четири деца загинаа во пожар во Србија


Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар, Србија. Според српските медиуми, децата се задушиле во пожарот.
 
Пожарот избувнал утрово во 7 часот во станбена зграда. Пожарникарите, како што се наведува, на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но децата не можеле да се спасат.

 

Како што пренесува „Телеграф.рс“, децата биле на возраст од шест месеци, две, три и четири години. Таткото и мајката на децата се хоспитализирани со изгореници. Децата  биле пронајдени во една соба, а се претпоставува дека починале од вдишување на чад.

Таткото се обидел преку терасата да влезе во детската соба, но не успеал да ја пробие вратата која била заглавена.

Таткото на повредените деца, родум од Египет, добил изгореници на 45 отсто од телото, а мајката се здобила со изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото.

Причината за пожарот се уште не е позната, а се шпекулира дека пожарот го предизвикал греалка или шпорет.Според првичните информации, пожарот не зафатил други станови. Истрагата е во тек.