Чешка, Словачка и Австрија ги блокирале заклучоците што беа желба на Бугарија


 
Дописничката на РСЕ од Брисел јави дека повеќе дипломатски извори поврдуваат дека дошло до промена на ситуацијата откако тој документ го прочитале надлежните официјални лица во некои држави членки. Според изворите од Брисел, Словачка со поддршка на Чешка и Австрија, сметаат дека „премногу и се попуштило на Бугарија“, во текстот на завршниот документ.
 

Неусвојувањето на заклучоците го потврди и чешкото Министерство за надворешни работи. Во официјалното соопштение на шефот на чешката дипломатија Томас Петричек се наведува дека неговата држава силно го поддржува процесот на проширување.

„Меѓутоа постоечкиот текст со заклучоците подразбира понатамошни компликации на патот во процесот на проширување“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека е потребно повеќе време да се процени текстот и да се усогласат заклучоците и дека тие би требало да бидат усвоени на Советот за општи работи.

За потстетување, во нацрт заклучоците за кои се согласија амбасадорите на земјите членки на Европската унија беше оживеана реченицата од 2018 година за крај на сите барања засновани на погрешно толкување на историјата, во него се наведува дека треба да се избегнуваат „изјави и работи кои негативно ќе влијаат на добрососедските односи и мирното решавањето на споровите“.

Исто така во текстот се наведува неопходноста од имплементација на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија и се нагласува важноста од нивната понатамошна примена.“Овие два главни чекора треба ефективно да стават крај на сите обвинувања засновани на погрешно толкување на историјата“, стоеше во нацрт-заклучоците.