Челзи заработи 22 милиони евра, Бетис инкасираше пет милиони евра помалку

Победникот на Конференциската лига, лондонски Челзи, инкасираше 22 милиони евра од УЕФА за освоениот трофеј во вчерашното финале во Вроцлав, додека заработката на поразениот финалист Бетис изнесува 17,2 милиони евра.
Заработката на Челзи е само малку повеќе од парите кои оваа сезона на европската сцена ги заработи Слован Братислава, кој претрпе осум порази на исто толку натпревари во Лигата на шампиони, а инкасираше 21,8 милиони евра.
На третото место според заработката во Конференциската лига е Фиорентина со 14,1 милиони евра, по што следат Ѓургарден со 13,5, Легија Варшава со 11,3 и Рапид Виена со 11,1 милиони евра.
Победникот на Лигата на Европа, Тотенхем, заработи 45,3 милиони евра, додека финалистот Манчестер Јунајтед заработи 36,4 милиони евра.