Челзи ја освои Лигата на шампиони, Манчестер сити во очај
Фудбалерите на Челзи го освоија вечерва пехарот во Лигата на шампиони, совладувајќи го во овогодишното англиско финале Манчестер сити со 1:0 (1:0).
Челзи, кој по трет пат играше финале во елитното клупско натпреварување, го повтори успехот од 2012 година и го остави Сити без трофеј во првото финале.
Тимот на Томас Тухел беше подобар на теренот во првото полувреме на стадионот „Драгао“ во Порто и заслужено дојде во водство преку Каи Хаверц во 42 минута. Со тоа продолжи големата суша за Пеп Гвардиола, тој последен пат ја освои Лигата на шампионите со барселона во 2011 година.
Манчестер сити, кој победи на шест од последните седум натпревари во Лигата на шампиони во кои беше во негатива, тргна поофанзивно по продолжението, но Илкај Гундоган го блокираше обидот на Ријад Марез во 69 минута, а алжирскиот репрезентативец го делеа сантиметри од израмнување во последната минута од финалето. Ова е неверојатен успех на Челзи кој во првиот дел од сезоната играше во лоша форма, но сѐ се промени кога за тренер дојде Томас Тухел.
За англиските клубови ова беше 14 трофеј во Лигата на шампиони.