Чачарова-Илиевска: Интерпелацијата е без преседан и противуставна

Членката на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска нема да присуствува на собраниската седница по прашањето за интерпелациите. Нејзиниот став е и тврди дека е во право дека „интерпелација на член на Судскиот совет е недозволен акт и противуставен“.
Вели во интерпелацијата, подносителите на истата се повикуваат на нивното загрантивно уставно право да поднесуваат, меѓутоа одредбата од Членот 68 од Уставот, став 1, има поинакво уставно решение – таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција кој што одговара пред Собранието.
Уставот посветил доволно одредби и точно уредени се клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет. Пратениците за жал немаат уставно право на ваков чин. Со тоа што е поднесена интерпелација само за петте членови не е само повредена само една од темелните вредности на уставниот поредок туку е повредено и основното начело на еднаквост на членовите на Советот. Се прави дискриминација на членовите што е недозволиво. Пратениците треба исто така да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори, рече судијката во изјава за медиумите.
Изјавата на Чачарова на некој начин е најава дека расправата за интерпелациите денес во Собранието е заради политички маркетинг и ќе се претвори во „ветер и магла“.