Центар, Карпош и Аеродром со повеќе од 240 активни заболени од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Од новите 386 случаи со корона вирус денеска, 178 се од Скопје. Во главниот град, во моментот има 1.432 активни случаи, а дури три општини имаат повеќе од 240 активно заболени граѓани.

Центар е на врвот со 265 активни, па следуваат Аеродром со 257 и Карпош со 242. Повеќе од 100 има во Гази Баба (147), Кисела Вода (157) и Ѓорче Петров (118).

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 73

• Гази Баба – 147

• Аеродром – 257

• Карпош – 242

• Центар – 265

• Кисела Вода – 157

• Ѓорче Петров – 118

• Бутел – 56

• Шуто Оризари – 13

• Студеничани – 2

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 31

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 9

• Зелениково – 4

• Странец – 10

• Нераспределен – 22.