Цените во Германија пониски од Македонија


Македонија во друштво во Естонија, Унгарија, Романија според стапката на инфлација. Македонија е во друштво со овие три држави – со инфлација од или над  5% во февруари годинава. Во Германија, нашиот стратешки трговски партнер, инфлацијата во февруари изнесувала 2,6%. “Порталб“ објавува цени на дел од основните прехранбени производи на германскиот пазар регистрирани во текот на месец март. Дел од цените слични на нашите, па дури и пониски… 

Во Германија инфлација од 2,6% , во Македонија 5% …

Млеко – тетрапак, маслиново масло за јадење, домат – ова се дел од производите кои во Германија се продаваат по пониски цени од оние кои ги плаќаме тука, во Македонија.

Од основните прехранбени производи, во германските маркети 1 килограм био-леб се продава за 1,32 евра но оваа цена варира и надолу во зависност од составот на лебот.

Тетрапак млеко со масленост 1,5% чини 0,99 евра а со масленост од 3,5% чини околу 1 евро.  Еден литар јогурт се продава за 1,8 евра. Нешто повисоки цени во однос на нашите имаат место и месните производи, па така  1 килограм замрзнато пилешко месо чини 10,8 евра, пилешки батаци се продаваат за 6,32 евра а килограм свинско пак за 8,98 евра.

“Работам тука во Германија подолго време но често одам во Македонија. Навистина има цени кои во Германија се пониски од оние во Македонија, дури во Македонија има производи што се поскапи. Но, платите во Германија не се како оние во Македонија“ – вели младата Ина која живее и работи во близина на Хамбург.

Дел од цените на основните прехранбени производи во Германија се пониски од оние во земјава – на пример 1 литар ладно маслиново масло се продава од 4,38 евра до 9,3 евра во зависност од брендот и од видот на маслото. Табла од 10 јајца чини 1,99 евра. Цените на овошјето и на зеленчукот во оваа европска земја не се разликуваат многу од оние кај нас -килограм домат се продава од 1,4 евра до 2,5 евра а   500 грама сортиран лимон чини 1,09 евра.  

Инаку од почетокот на оваа година со владина уредба во Германија минималната плата се зголеми на 12,82 евра на час со што достигна околу  2. 222 евра месечно, со земени предвид 40 работни часа неделно.

Според податоците од Еуростат, во февруари стапката на инфлација во Германија изнесувала 2,6%. “Порталб“ направи увид во компаративните податоци на Еуростат и тие покажуваат дека инфлацијата во Германија во февруари е намалена и во однос на јануари (на месечно ниво) и во однос на истиот месец лани.

Во земјава пак во февруари годинава и во споредба со истиот месец лани и во првите два месеци во споредба со  истиот период 2024-та,  инфлацијата е зголемена за 5% додека во февруари во однос на јануари порастот е за 0,5%. И повторно највисок раст на трошоците на живот има кај храната, за 13,1% се зголемиле трошоците кај маслата, за 8,1% зголемени трошоци за месо и месни производи а за 8,7% за зеленчукот.

Инфлација во ЕУ …

Во февруари инфлацијата и на ниво на ЕУ и во Еврозоната е под 3% или во рамките на Унијата изнесуваше 2,7% а во Еврозоната 2,3%.

                                       Инфлација февруари 2025

Европска унија                                           2,7%

Еврозона                                                     2,3%

Унгарија                                                        5,8%

Романија                                                       5,2%

Естонија                                                         5,1%

Извор : Евростат

Според податоците од Еуростат највисоки стапки на инфлација има во Унгарија 5,8%, Романија 5,2% и Естонија 5,1%. Словачка, Полска, Хрватска, Белгија имаат инфлација од над 4 % до под 5% а останатите земји се со пониска инфлација од 4%. Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Франција од 0,9 отсто, Ирска 1,4 и Финска 1,5 отсто.