Цените на пијалоците на концертот на Томпсон опишани како злосторство: 5 евра за шише вода

Ден пред концертот на Марко Перковиќ Томпсон на Загребскиот хиподром, протекоа цените на пиалоците и храната, а многумина се шокирани од сумите што треба да ги платат за обична вода или сендвич.
Фотографија споделена на Reddit ги прикажува цените во еден од баровите на Хиподромот, па се гледа дека цената на 0,5 литри обична вода е 5 евра.
Половина милион луѓе што се очекуваат на концертот во Загреб ќе платат многу и за други пијалоци и храна, а фотографијата покажува дека точено пиво од 0,5 литри чини 7 евра, бело вино од 0,1 литар чини 3,5 евра, а „цедевита“ од 0,33 литри за носење чини 6 евра.
Публиката ќе може да купи и сувенир чаши што чинат 2 евра, како и сендвич со шунка и сирење за дури 8 евра.
Под објавата, имаше коментари од незадоволни корисници кои напишаа дека „цената на водата е злосторство против човештвото“.
Закажан за 5 јули
Планирани се четири фан зони веднаш до самиот Хиподром, каде што посетителите ќе се собираат од утринските часови. Повеќето од фан зоните ќе бидат лоцирани во рамките на таканаречените дисциплински зони, а безбедносните проверки ќе бидат организирани на влезовите со цел да се забрза протокот на посетители при влегување на концертот.
За потребите на посетителите се планирани вкупно 2 километри барови и дистрибуција на околу 2,5 милиони шишиња вода. Плаќањето на сите продажни места ќе биде можно исклучиво преку кредитни картички. Исто така, креирана е посебна мобилна апликација за управување со посетителите и подобра организација.