Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните четири месеци

Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 61 долар за барел.
Се очекува дека Организацијата на земјите извознички нафта ОПЕК+ би можела да одобри зголемување на производството во ноември до 500.000 барели дневно, што е трипати повеќе од зголемувањето во октомври, додека Саудиска Арабија настојува да ја поврати пазарната квота, пренесе „Трејдинг Економикс“ (Trading Economics).
Се појавуваат знаци на прекумерна понуда, со раст на залихите на сурова нафта и бензин во Соединетите Американски Држави, а извозот на курдска нафта од Ирак ќе биде продолжен преку турскиот терминал Џејхан по договорот за повторно протекување на тој енергенс.
Ризиците ќе бидат продлабочени како што ќе продолжи блокадата на американската влада, а Белата куќа предупреди на масовни отпуштања. Сепак, актуелните кинески купувања на стратешките резерви обезбедија извесен поттик за потрошувачката.