Цените на нафтата на највисоко ниво во последните девет месеци


Пазарот на нафта во последните недели „си поигрува“ со централните банки – повисоките цени на нафтата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата.

Цената на Брент порасна за пет отсто во изминатата недела, како и цената на американската лесна нафта WTI, која повторно достигна 85 долари за прв пат од ноември, откако беа објавени податоци за натамошен пад на залихите на сурова нафта во САД.

Дополнително, растат очекувањата дека Саудиска Арабија ќе го продолжи ветувањето за намалување на производството за 1 милион барели дневно во октомври.