Цената на гасот нагло порасна
Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ денеска ненадејно скокна за 30 отсто на над 40 евра за мегават-час, покажуваат податоците на оваа берза.
Според меѓународната берза ИЦЕ, цената на септемвриските фјучерси на европскиот гас денеска во 13 часот и 32 минути изнесуваше 43,490 евра за мегават-час, пренесе Танјуг.
Ова е највисоката забележана цена на гасот во последните осум недели.
Како што претходно објавија медиумите, во моментов на пазарот постои загриженост поради малку послабиот увоз на течен природен гас (ЛНГ). Во 16 часот и 30 минути цената на гасот падна на 38,450 евра за мегават-час.
Највисоката цена на гасот на берзата ТТФ е забележана во август минатата година, кога достигна 339 евра за мегават-час.