Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле“ во Нерези


Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата „Козле 3“ во урбаната заедница Нерези.

Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина
Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.