Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ

Денес, со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh.
Како што велат оранизаторите, настанот е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.
Влезот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор, се вели во соопштението до медиумите.