Целиот ужас на Турција во зборовите на еден човек: „Нѐ викаат, а ние не можеме да им помогнеме“


Потрагата по преживеаните од земјотресот во Турција и во Сирија е отежната од студеното време, како и од постојаните потреси.

Во текот на ноќта, најсилниот земјотрес беше со магнитуда од 5,6 степени според Рихтер, а уитринава Турција беше погодена уште од два посилни земјотреси.

Медиумите пренесуваат дека во Караманмарас е лошо, северно од Хатај, додека надлежните велат дека во градот се уништени 1.500 згради.

Жителите на тоа место, како и преживеаните велат дека ситуацијата е катастрофална, како и дека од урнатините постојано се слушаат повици за помош.

Агенцијата „Ројтерс“ објави потресно видео од човек кој стои пред урнатините и слуша како сопругата која е затрупана го моли да ѝ помогне. Удира во нешто метално. Очаен е затоа што не може да помогне. Вели дека долу се и децата.

„Слушајте, тие нѐ викаат, но никој не доаѓа. Тие се живи, но нѐ можеме да ги извлечеме. Погледнете, во оваа урната зграда ми се мајката и таткото. Тие нѐ викаат, слушајте ги“, вели Дениз кој плаче, а не може да им помогне на преживеаните.

„Нашите деца се тука, што можеме? Погледнете ја оваа зграда, наполовина е срушена, ризикуваме сѐ да се сруши врз нас. Но, што да правиме: Па нѐ викаат, тоа се луѓе“, вели очајно тој. „Молете се за нас. Немаме никој, погледнете наоколу – никој!“.

Исто така, голема е опасноста од хипотермија, затоа што времето е многу студено.

Други преживеани, жители на Караманмарас,велат дека едвај зилегле од урнатините. „Нашата ситуација е катастрфална, гладни сме и жедни“, вели еден жител.

Бројот на ќртви од земјотресите во овој момент се искачи над 5.000. Се очекува тој број да расте.