Царовска: Верувам во Зоран Заев, секоја промена носи свежина
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со промените во СДСМ и најавените промени во Владата, истакна дека смета оти секоја промена носи свежина и дека е добро што оваа се случува на половина од мандатот кога може да се направат пресеци.
Министерката е сигурна дека одлуките што ги носи и ќе ги донесе премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе даде дополнителна енергија.
– Победивме на изборите и по победата партија која е силна да направи интерни промени, да направи промени во Владата покажува дека е подготвена за уште поголем ентузијазам во имплемнтација на мерки и реализација на програмата, рече Царовска.
Таа е сигурна дека премиерот Заев одлуките ќе ги носи врз основа на учинок, како и што најави и врз основа на односот на министрите и функционерите воопшто кон граѓаните.
-Јас верувам во него и неговите подлуки и сигурна сум дека се што ќе направи како чекор ќе не донесе кон подобри и подобри резултати. Не стравувам од ништо се додека тоа е за добро на иднината на државата, потенцира министерката за труд и социјална политика.