Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје продава облека и од стакленик, може да плати казна


Фото: „Б. Грданоски

Во застаклен дел надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, на улицата „Македонија“ во Скопје, бутикот „Шејн“ од пред еден месец продава облека.

Колку е тоа дозволено е прашање, а инспектори од Општина Центар биле во бутикот, каде оставиле покана сопственикот да дојде кај нив на разговор.

Фото: Б. Грданоски

„Доколку се утврди дека нема документација за дополнителниот дел од објектот, ќе се покрене управна постапка, во која сопственикот најверојатно ќе треба да го отстрани стакленикот, а за времето додека го користел како продажен салон, ќе треба да плати казна, согласно позитивните законски норми“, велат од Општина Центар.

За ваквите дополнителни објекти кои заземаат дел од јавни површини, предвидено е сопствениците на локалите да достават елаборат, за површината на заградениот простор, со кој мора да се предвиди и најмалку 2,5 метри за движење на пешаци. Откако елаборатот ќе се одобри се одредува комунална такса која која изнесува 15 денари за метар квадратен од ден.

Од Општина Центар најавуваат дека случајот може да има завршница за десетина дена.