Бутел ќе добие поликлиника, Дом на култура, базен со унгарските пари

Нови девет милиони евра за нови капитални инвестиции во скопски Бутел. Општината ќе добие нова поликлиника, нов Дом на култура, нов мега плоштад, нов базен – предвидени се 39 нови капитални проекти, а ќе бидат вложени над 9 милиони евра – средства кои се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија.
– Наскоро ќе започнеме со проекти кои во целост ќе го променат ликот на општина Бутел. Проекти кои се од голема важност и долго очекувани од граѓаните на општина Бутел, најави градоначалникот Дарко Костовски и ги сподели планираните проекти:
– За прв пат општина Бутел ќе добие Дом на култура со голем плоштад.
– Два нови мостови на река Серава
– Нов затворен базен во дворот на ООУ “Ацо Шопов”
– Три нови спортско-рекреативни центри
– Реконструкција на фасадите на ООУ “Св. Климент Охридски” и ООУ “Петар Здравковски Пенко”
– Реконструкција и изградба на сите пристапни патеки во Скопје-Север
– Изградба на водовод за Љуботен и Љубанци.
-Реконструкција на големите паркинзи во населено место Скопје-Север
– Реконструкција на голем број улици меѓу кои некои од најзначајните сообраќајници: ул. Боро Кралевски ( 3 влез ),ул. Боро Менков, ул. Костурска, ул. Александар Грличков, ул. Ангел Мојсовски, ул. Љубинка Босотова, ул. Захир Џафери со краци крак на ул. 18, крак на ул. 1, ул. 3 с.Љуботен, ул. 1 с.Љуботен, ул. Бутелска, ул. Бутелска 2, краци на ул.10 ул. 1, ул. Африм Житиа ул. 15 ул. 44ул.46 краци на ул. Бетовенова ул. 56, потпорен ѕид на ул. 48 и ул. 50…
– Рамномерен развој на нашата општина. Инвестираме во сите населени место. Заедно ја градиме иднината на нашите деца. Инвестираме во модерна општина Бутел! – порача првиот човек на општината.