Бутел: Алармантна е состојбата со хигиената


Преполни контејнери со отпад, ѓубре расфрално околу нив и по улиците е секојдневната слика во Општина Бутел, каде како што обвинуваат од таму, „Комунална хигиена“ не дошла да исчисти последните десет дена.

– За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои. Состојбата во oпштина Бутел е алармантна. Повеќе од десет дена екипите на ЈП “Комунална хигиена-Скопје” кои се под директна команда на Данела Арсовска, не ги извршуваат работни обврски на поголемиот дел од територијата на општина Бутел се вели во општинското соопштение.

Сликите се застрашувачки. Ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Градоначалникот Дарко Костовски упатува апел, додека не е доцна службите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините, за да не трпат граѓаните, апелира Костовски.