Бурата Хелена усмрти најмалку девет луѓе во САД
Најмалку девет луѓе загинаа при налет на бурата Хелена во југоисточниот дел на САД.
Поради невремето повеќе од четири милиони луѓе останаа без електрична енергија.
Шест американски сојузни држави прогласија вонредна состојба поради бурата Хелена, а издадено е предупредување за 60 милиони луѓе во 12 сојузни држави.
Невремето пристигна до брегот како ураган од четврта категорија, и иако изгуби на интензитет, обилните дождови и силните ветрови предизвикаа голема штета на домовите и инфраструктурата