Бујар Османи: Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади

Тој зборуваше и за епизодата со безбедносниот сертификат на Скендер Реџепи, кок како претседател на собраниската Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност, не може да добие безбедносен сертификат, оценувајќи дека тоа му се прави намерно со цел да не може да свика состанок. реџепи инаку е од редовите на ДУИ. Тој додаде и дека мора да прекине циклусот на прислушување и потсети дека дека лично бил жртва на тоа.
„Мислам дека намерно не му се дава сертификат на претседателот на Комисијата со цел да нема состанок за да не може да се отвори ова прашање. Ние инсистираме да се отвори ова прашање, бидејќи ако некој бил жртва на прислушување, сме биле ние во партија – јас лично. Така што, посебно сме заинтересирани кој, како, што, затоа најбрзо да се реши ова прашање, да се одржи состанокот, да се декласифицираат сите документи, за да може да се види. Мора да прекинеме, вие гледате дека секој десет години ова држава влегува низ циклус на прислушување, треба ли да се прекине еден ден? Очигледно граѓаните не се веќе безбедни, и затоа ние сме да се отвори целосно тоа прашање“, рече Османи.
На изјавата на Османи реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Бујар Османи како претседател на пола свет, не успеа да направи ниту еден чекор напред за влез на државата во ЕУ, туку напротив, ги распродаваше името, јазикот и идентитетот, заедно со Заев, Филипче, Пендаровски, Ахмети и на ним слични.Политиката на најкриминалната Влада во историјата на Македонија, на СДС и ДУИ, беше да се удоволуваат потребите и барањата на Бугарија, со цел да останат ден повеќе на власт.СДС и ДУИ, газеа врз достоинството и почитта на државата, и мислеа дека така ќе ги освојат симпатиите на народот, којшто на минатите избори ги испрати во историјата.Погубните политики за Македонија завршија. Сега ВМРО-ДПМНЕ гордо ја претставува државата во светот“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.