Бујар Османи: Не сум се сретнал со Груевски, тоа е лага на ВЛЕН

Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска преку соопштение лиферувано од неговата партија ДУИ ги отфрла наводите на владејачката ВЛЕН дека се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта за да се овозможат уставните измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за моја наводна средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за поддршка на уставни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата.
Додека тие освен негативна кампања ништо друго не нудат, ние креираме движење за промени кое расте до ден во ден. Одговорот на овие оцрнувања ќе стигне на 19 октомоври“, се вели во соопштението.
Пред некој ден Османи ниту демантираше ниту потврди за таква средба, а денеска ги отфрли таквите наводи.