Бугарските тур-оператори бараат гласачко место во Занзибар
Тур-операторите во Бугарија бараат од власта да отвори место за гласање на престојните избори во Занзибар. Причината е што скоро 600 Бугари веќе имаат
закажан лет за Танзанија во изборната недела. Ова ги испровоцира тур-операторите да се обратат до државната изборна комисија со прашање – дали Бугарите можат да гласаат оттаму, или поедноставно кажано од плажа.
Оваа дестинација е доста популарна во Бугарија, а кога се продавале пакетите за Занзибар не се знаел точниот датум на изборите во земјата.
„Занзибар беше планиран долго пред да се одреди точниот датум на изборите. Ние
знаевме дека тие ќе бидат на крајот на март. За жал, подоцна откривме дека тие ќе се одржат во истиот период со организираните патувања“, изјави еден од тур oператорите.

Сега 600 луѓе се соочуваат со дилемата гласање на избори или патување во Занзибар. Досега никој не се откажал од второто.
„Не можам да разочарам дете кое има скоро една година и половина од неа не отиде никаде заради дадената ситуација “, коментира еден од 600-те регистрирани за патувањето.
Бидејќи не е можно да се помести патувањето , тур-операторите ја повикуваат изборната комисија ЦИК да отвори избирачко место во Занзибар. ЦИК не вели дека ова е невозможно. Од нивното официјално писмо станува јасно дека секој што сака
да гласа од Занзибар мора да пополни електронска апликација на веб-страницата на ЦИК до 9 март.Според Изборниот законик, ако има најмалку 60 апликанти, треба да има избирачко место во Занзибар. Но тоа мора да го организира конзулат на самото место, а во Занзибар нема, ниту е акредитиран амбасадор, образложило Министерството за надворешни работи.